Препорака која доаѓа од студентката по медицина, Вероника Станоевска, е да се да гледаат телевизиски содржини кои релаксираат и продуховуваат.
Што им препорачувате на скопјани да гледаат на ТВ програмите?
– Покрај најважните настани/вести за случувањата во земјава и регионот да гледаат емисии или филмови кои би ги релаксирале и продуховиле. Гледање на документарни емисии за биодиверзитетот или од област на астрофизиката, уметноста, емисии за древни цивилизации сметам дека даваат можност за проширување на хоризонтите на знаење. Се поновиот тренд за слушање мотивациски говори од луѓе со успешни приказни би можеле да ги поттикнат и охрабрат младите генерации. Би препорачала по напорниот ден да се одморат препуштајќи се на магијата која ја прави ТВ екранот со некој квалитетен филм. Секогаш е добредојдена и некоја едукативна или документарно-мотивирачка тема за Нобеловци со разни иновации, астономски,медицински, техничко-технолошки отктитија и сл. достигнувања. Или пак квалитетна програма како настап на музички виртуози и спортски натпревари.
Што сметате дека граѓаните би требало да го избегнуваат и да го сменат каналот?
– Генерално дека треба да се смени каналот кога се прикажуваат и промовираат содржини во кои преовладуваат неетички трендови, политички влијанија, деструктивности, шунд во музиката, неквалитетни серии со идеализирање на личности со криминални дејствувања. Филмови и емисии во кои се потенцираат насилства, експлицитни неморални содржини, употреба на наркотици иако можеби се дел од секојдневието, не треба да се потенцираат и да се разберат како нормална појава. Напротив, да се промени каналот.
Што би направиле како емисија за да биде задоволителна и вредна за гледачите?
– Би направила емисија која би претставувала спој на духовното и научното. Давањето дух на науката и етика во истражувањата е тајната на откритијата. Емисија која ја објаснува моќта на природата и перфектните физички закони кои владеат со стопроцентна точност, без никаква веројатност. Емисија за да охрабри и мотивира на некој интересен начин и да го задржала вниманието на гледачите со потенцирање на здравиот начин на живот
Дали Скопје е доволно застапено како тема на македонските телевизии?
– Скопје како главен центар во Македонија сметам дека многу малку е промовиран од македонските ТВ куќи. Како интересна туристичка дестинација, спојувајќи го традиционалното и модерното е град кој го задржува вниманието на посетителите. Императив на телевизиските куќи треба да е акцентирањето на Скопското Кале, Камениот мост, родното место на Мајка Тереза, Св. Пантелејмон, Св. Спас и многу други.