Смешка: Си го шинав прстот гледајќи телевизија

 

Начукав над 45 години (точно не ви кажувам, така ме учат колешките) и до сега не се бев повредил иако се уште често играм кошарка. Арно ама пред два дена го шинав палецот на десната рака. Ме доболе, ама се смеев, бидејќи се повредив лежејки додека гледав телевизија.

У ствари, ја веќе подолго време имав проблем со тој прст оти го малтретирав брзо да ми мења програми на даљинското. Толку лоша е програмата, шо морам да бегам – брзо. И така прстот изморен ми беше, а на телевизија имаше македонски вести и еден момент кога новинарчето рече дека Македонија многу напредува и на економски и на политички план, ја силно притиснав друга бројка и опааа, прстот се шина. Одма ми помодре и отече. Даљинското напукна.

Напукна и мојата желба да гледам вести у кои има само лажни вести – дека Македонија цвета и е многу почитувана во светот заради лидерството шо го преземала у регионот…