Снегот ќе паѓа и денеска, температурата до максимум -4 степени

И денеска во Скопје ќе продолжи да вее снег. Времето ќе биде облачно и ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу -8, а максималната ќе достигне -4 степени.

Во останатиот дел од Македонија времето денеска ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни претпладне особено во јужните делови. Снежната покривка насекаде дополнително ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -5, а максималната и утре насекаде ќе се задржи негативна и ќе биде во интервал од -8 до -2 степена.

Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено. Утринските температури до среда во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури генерално ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување.

Претходна вестЗабрана за камиони на повеќе патни правци во државата
Следна вестСо пишување песни и приказни го чувам мајчиниот говор што е најзначајно за секој од нас