Со 2,28 промили управувал мотоцикл и излетал од патот во Струга, полицијата го привела

9

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода И.М.(36) од Струга.

Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во Струга, управувајќи мотоцикл, излетал од патот, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека мотоциклот го управувал под дејство на алкохол, односно со 2,28 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.

Претходна вестМалолетна скопјанка им дала 25.000 евра на соученици за да не го тепаат нејзиниот болен брат
Следна вестПет странци го планирале убиството во Штип, пиштолот е купен во Скопје, убиецот има 21 година