Со далечинското од телевизорот тепам вируси

Ми се здосади, само вируси гледам на македонските телевизиски вести. Те за корона вирусите кажуваат, те за политичатите кои ќе не спасиле од пандемијата. Не знае човек кој вирус е поопасен. Оној што ти влегува у белите дробови или оној што сака да ти влезе у мозок и да те натера да му веруваш дека те спасува.

Вакцина за првиот вирис уште нема дојдено у Македонија. Вакцина за вториот не е измислен, ама ја да ви кажам право даљинското го користам како вакцина. Почне ли некој вирус на две нозе да лаже на вестите, ја одма стискам на даљинското и вирусот е готов – го снемува од екранот.

И веќе толку сум изверзиран у борбата со пандемијата, шо и не чекам вирусот да почне да ме лаже, знам кој од нив слаткоречиво ќе манипулира и веднага чим го видам мењам програм.

Сега малку пораат сум оти овие политичките корони ми се некако поопасни и кај нив нема бран или пик. Цело време се у фронтален напад. Ги има насекаде и се трудат да се пренесуваат на разни начини и плус многу бре мутираат, крај не можеш да им фатеш.

Ама со даљинското… ко со оноа тепалката за муви ги мавам.  

Претходна вест„Хомо“ во Кинотека на Македонија вечерва, на 23, 25 и 27 март
Следна вестОблачно со услови за дожд, температура до шест степени