Темен режим Режим на светлина

Со газење и уништување на македонското државно знаме се славеше денот на албанското

Со кинење, газење и други понижувања на македонското државно знаме синоќа во Скопје но и во други градови во земјава се прославуваше Денот на албанското знаме. Празникот на припадниците на албанската етничка заедница синоќа се славеше организирано низ повеќе градови во Македонија. Прославата во Скопје ја одбележаа целосната блокада на центарот на градот и рафалните истрели кај трговскиот центар „Мавровка“.

Претходно колона од стотина возила тргна од средно Водно и се движеше кон центарот на градот. Сообраќајот беше целосно блокиран.

Синоќа на социјална мрежа „Икс“ беше објавена и снимка за која се вели дека е направена во близина на Бит-пазар, и на која се гледа како славениците го кинат македонското државно знаме.

Револтирани граѓани на социјалните мрежи бараат одговорност и санкции за уништувањето на македонско знаме. Според Кривичниот законик, за „тој што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Северна Македонија, нејзиното знаме, грб или химна“, предвидена е парична казна или затвор до една година.

Во Охрид, пак, Денот на албанското знаме се славеше со специјален „перформанс“ – десетина автомобили, од кои се вееја албански знамиња, се наредија на градскиот плоштад, покрај кејот на езерото, по што тргнаа на парадно возење низ градот. Инциденти имаше и во Куманово.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Изградил хотел во Скопската чаршија без одобрение за градење, доби обвинение

Следна објава
Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег