Со „Импулс#волумен13“ вечерва стартува Скопје танцов театар

Стартува сезоната 2019/2010 на Танцовиот театар Скопје. Вечерва во 20 часот во Музејот на современа уметност прва е претставата „Импулс#волумен13“.

Составена е од повеќе делови, според концепт и кореографија на Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Рисима Рисимкин. Со оваа претстава Скопје танцовиот театар најавува богата сезона, нови оригинални продукции, настапи на кореографи од странство, како и гостувања низ земјава и надвор од неа.

Скопје танцов театар е основан во 2011 година и е прва официјална компанија за современ танц во земјава. Уметнички директор е Рисима Рисимкин.