Во Скопје, 82-годишна жена пријавила дека била измамена за околу 170.000 денари. Според полицијата, непознато лице ја контактирало телефонски, лажно претставувајќи се како полициски службеник. Му соопштило дека нејзината внука наводно предизвикала сообраќајна несреќа со жртва и дека треба да плати за да избегне затворска казна.
Жената излегла на улица и ги предала парите на непознат маж, но подоцна сфатила дека приказната е измама и дека нејзината внука воопшто не учествувала во несреќа. Полицијата работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на измамникот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



