Со „молотов коктел“ запалил сува трева

131

Денеска (20.07.) во СВР Куманово во 02,10 часот е пријавено дека машко лице, во видно алкохолизирана состојба со молотов коктел запалил сува трева на влезот во населбата Средорек и предизвикал пожар на отворено.

Од страна на полициски службеници излезено е на лице место при што затекнато е лицето С. С. (27) од Куманово, кое што е посочено од очевидец, и истиот е лишен од слобода во ПС Куманово.

При проверка ка С.С., меѓу другото било утврдено дека има 2,40 промили алкохол во крвта. СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЗапленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетови, лишено од слобода едно лице
Следна вестПретседателката Сиљановска Давкова го отвори ЕМОФ: Спортот е симбол на единство, култура и надеж