Украден е сеф од филијала за брзи кредити во скопската општина Карпош, информриа полицијата.
-На 08.03.2024 во 14:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во филијала за брзи кредити на подрачјето на Карпош во Скопје едно лице со закана со остар предмет од вработената одзело сеф, се наведува во соопштението на МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.