Со пиштол и автомат ја грабнал поранешната сопруга за да не се разведе од него

Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен жител на селото Орланци, општина Арачиново за кого постои основано сомнение дека во соизвршителство со друго за сега непознато лице сторил кривично дело „грабнување“, донесе Основното јавно обвинителство Куманово.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 7 декември 2022 година од семејна куќа во селото Отља, општина Липково тие насилно ја грабнале оштетената сопруга на осомничениот, со кој била во бракоразводна постапка.

На присутните домашни им се заканиле со пиштол и автоматска пушка со намера да ја присилат оштетената да остане во брачна заедница со осомничениот. На главата и ставиле навлака за перница, па така ја влечеле кон задниот излез од дворот на куќата.

-Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Претходна вестАпел на РСБСП: За време на празниците возете безбедно
Следна вестПолицаец повреден во сообраќајка во Центар