Цел арсенал на оружје и муниција пронашла вчера полицијата кај 20-годишен скопјанец кој бил запрен во време на полицискиот час на улицата „Никола Карев“, попозната како „Пластичарска“ во Скопје.
Полицијата соопшти дека кај него биле пронејдени гасен пиштол и чанта со куршуми.
– Во време на забраната за движење, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Никола Карев“, при извршен преглед кај Б.Р.(20) од Скопје, пронашле еден гасен пиштол, една рамка со пет куршуми и една чанта со 21 куршум. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.