Со пиштол ограбувал маркет во Чаир, ама налетал муштерија…

Покрената истражна постапка за лице кое се сомнчи дека со оружје извршило разбојништво.

-Со закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на две оштетени лица, осомничениот, на 20 ноември, одзел пари од маркет на ул. „Цветан Димов“. Имено, тој влегол во објектот со пиштол марка „EKOL SPECIJAL 99” со калибар од 9 мм и им се заканил на оштетените. Им наредил да се тргнат од касата, посегнал преку пултот, ја отворил касата со клучот и одзел пари од дневниот промет во вкупен износ од 5.000 денари, соопшти Јавното обвинителство.

Во маркетот, тој момент, влегло друго едно лице кое се нафрлило врз осомничениот со намера да ги заштити нападнатите, па осомниченото лице бил совладано по што му било одземено и оружјето.

Обвинителството предложило на лицето да му се определи мерка притвор.