Со пиштол регулирал сообраќај среде Скопје, се заканил на друг возач

Скопјанец добил закана со пиштол додека возел автомобил. Имено, скопјанец на возраст од 37 години во пладневните часови на 27 декември во полиција пријавил дека добил закана со оружје додека возел.

Како што стои во пријавеното, додека нападнатиот со својот автомобил „Цитроен саксо“ се движел по булевар „Србија“, едно лице кое управувало „Џип чироки“ со скопски регистарски ознаки, му се заканило со пиштол.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот кој е необичен, но и навистина загрижувачки, што се почна да се случува на скопските улици.