Со поетско читање на Билазора, ќе се одбележи светскиот ден на поезијата

На археолошкиот локалитет Билазора кај Свети Николе, на 20 март во 12 часот ќе се одржи поетско читање. Со оваа манифестација во организација на Друштвото на писателите на Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ, Општината Свети Николе и Меѓународниот Славјански универзитет од Свети Николе, воедно ќе се одбележи и Светскиот ден на поезијата.

На манифестацијата “Билазорски видувања 2023” ќе настапат поети – членови на ДПМ и автори од Свети Николе и соседните градови.

Со свои поздравни обраќања ќе учество ќе земат проф.д-р Христо Петрески – претседател на Друштвото на писателите на Македонија, проф.д-р Ратко Дуев – декан на Филозофскиот факултет од Скопје, амбасадорот Јордан Плевнеш – основач на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима од Скопје, господин Дејан Владев – градоначалник на Општина Свети Николе и проф.д-р Јордан Ѓорчев  – основач и директор на Меѓународниот Славјански универзитет во Свети Николе.

Манифестацијата “Билазорски видувања” во иднина е планирано да се одржува традиционално секоја година, воедно и да се распишува Конкурс за најдобра песна од учениците во основните и средните училишта во Македонија на тема “Билазора”.

Претходна вестВо Грција денеска се штрајкува, земјата денеска без вести и информативни емисии
Следна вестПогребан матурантот од гимназијата „Георги Димитров“ кружат сомневања дека бил отруен со дрога