Со поместување на еден час нанапред во два часа по полноќ ќе започне летното сметање на времето

Во два часот по полноќ со поместување на стрелките за еден час нанапред почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека времето во 02 часот ќе се смета како 03 часот.

Одлуката за промена на времето од зимско во летно ја донесе Владата на последната седница одржана на 21 овој месец.

Летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот.

Претходна вестИнспекторатот не најде пропусти во лекувањето на шестгодишната Јана, сега се чека на обдукцијата
Следна вестВладата ќе решава за донација на 12 хеликоптери на Украина, се планира набавката на осум нови