Со помош на вештачка интелигенција откриен рак на дојка 4 години пред болеста да се развие

Унгарските лекари користат вештачка интелигенција за да откријат рак на дојка четири години пред болеста да се развие. Вештачката интелигенција ги гледа местата што лекарите не се во можност да ги видат и го открива ризикот од развој на рак, велат лекарите вклучени во програматa.

Процесот се нарекува детектирање со компјутерска помош, а со помош на вештачка интелигенција на мамограмите може да се забележат местата каде постои ризик да се развие рак.

Според пишувањата во некои од светските медиуми, тимот лекари забележале дека на истите места што биле одбележани од компјутерот, неколку години подоцна кај пациентите се развивал рак.

Така кај една пациентка бил откриен рак 4 години пред да се развие.

Станува збор за места што не можат да бидат откриени од лекарите, а по нивното рано откривање медицинските лица утврдуваат кои дополнителни тестови треба да се направат за пациентите да обезбедат потребна превенција од натамошно развивање на болеста.

– Оваа технологија може да погледне подобро на мамограмите и да ги идентификува неправилностите во одредени делови што лекарите би сакале да ги испитаат подетално. Ова се нарекува детектирање со компјутерска поддршка и за првпат почна да се применува во 90-тите години, но технологијата се подобрува. Постојат голем број промени што ги гледаме. Има промени што не се тумори. Не можете на секој пациент што направил мамограм дополнително да му направите и биопсија. Оваа технологија им помага на пациентите да го откријат ризикот, вели докторот Лари Нортон за Си-Ен-Ен.

Унгарија како земја има напредна програма за тестирање на рак на дојка врз пациентите, а годишно се спроведуваат околу 35.000 тестирања.

Претходна вестПриведен 37-годишен скопјанец, во неговиот дом пронајдена тегла со марихуана
Следна вестНов инцидент во САД, службеник избоден со нож