Со Роботек вечерва завршува програмата „Музичка култура“

Со перформансот на Горан Атанасовски, познат како Роботек вечерва завршува серијата од три настани „Музичка култура“. Ги организираа центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ и Младинскиот културен центар.

Изминатите два дена колку што траеше настанот, публиката уживаше во изведбите на уште двајца други електронски музички продуценти (Виктор Ирвин Иванов) Дева и Мирко Попов.

– Трите настани се посветени на тројца современи македонски автори од различна генерација, чија работа се движи на линија помеѓу светската и локалната, автохтона култура во полето на електронската музика, соопштија организаторите.

Претходна вестОправдувањето во стилот „сите го прават тоа“ е фатално во сообраќајот
Следна вестУтринската магла ќе отстапи пред пладневното сонце