Со „Совршената дадилка“ стартува манифестацијата „Месец на Франкофонијата“

„Совршената дадилка“ е филмот со кој во четврток ќе биде отворена манифестацијата „Месец на Франкофонијата“. Почнува во 20 часот во Кинотеката во организација на Францускиот институт во Скопје.

Според критиката, филмот е особено напнат трилер во стилот на Хичкок и Полански, суптилен и динамичен, кој совршено ги отсликува стравовите на модерното време.

Пред да почне филмот, најпрво ќе биде промовирана книгата со истоимениот наслов.

Претходна вестШто стои во концепцијата за основно образование која Владата ја усвои?
Следна вестЌе се вразумат ли: Полицијата казни 30 пешаци во Скопје