Со специјален штрафцигер стартувале и украле камион на булевар “Борис Трајковски“

За кражба на камион-кипер од паркинг плац на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода осомничени се двајца скопјани, соопшти денеска Скопското Јавно обвинителство. Против нив ќе биде спороведена истражна постапка поради основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

-Осомничените, на возраст од 39 и 37 години, на 4 јуни, од плац за паркирање камиони одзеле товарно моторно возило – кипер марка „Ивеко“ во вредност од 1.900.000 денари. Делото го сториле така што заедно и по претходен договор дошле на наведената локација, па додека едниот осомничен внимавал некој да не наиде, другиот со употреба на погоден предмет – штрафцигер го стартувал возилото, со што противправно го присвоиле и го напуштиле местото на настанот, се наведува во соопштението на ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Претходна вестКандидат на ДУИ за премиер е поранешниот функционер на ПДП – Насер Зибери
Следна вестВо Чаир и Карпош најголем пораст на новозаразени