Со трактор крадел делови од возови и железничка инфраструктура

Лицето А.Н. од скопско е уапсено при полициска контрола, додека со трактор ги превезувал украдените делови од возови и железничка инфраструктура земени од пругите во С. Трубарево. Тој е лишен од слобода.

– На влезот во с.Студеничани, скопско во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н. од с.Трубарево. Имено, А.Н. бил сопрен додека со трактор со приколка превезувал поголема количина железо, односно делови од возови и железничка инфраструктура. Во службен разговор во Полициската станица Драчево А.Н. го признал кривичното дело со појаснување дека предметите ги одземал од железничките пруги во с.Трубарево, се вели во соопштението на МВР.

По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПекарите отстапија: Од утре ќе печат леб по 33 денари, но и тужба против државата од 4,5 милион евра
Следна вестОткриен скриен коридор во Големата пирамида