Со украден „форд фокус“ удрил во службени возила, се повредил себе си, двајца полицајци, и осум мигранти

Скопјанец од село Идризово прексиноќа предизвикал судар во близина на Катланово во кој имало повеќе повредени лица, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 27.09.2022 на автопатот „Пријателство“, во близина на с.Катланово, скопско, М.М.(24) од с.Идризово, скопско, управувајќи патничко возило „форд фокус“ со украдени регистарски таблички во Велес, во правец од Велес кон Катланово, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и со возилото удрил во две полициски службени возила и во двајца полициски службеници.

-Притоа, со тешки телесни повреди се здобил М.М. и еден полициски службеник, а со телесни повреди се здобиле друг полициски службеник и осум лица мигранти, кои ги превезувал во возилото, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид бил извршен и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението од МВР.