Темно Режим Светло Режим

Собрани над 10.000 евра од концертот на Тамара за настраданите во Кочани

Собрани 10 000 евра од хуманитарниот концерт на Тамара Тодевска за настраданите во Кочани.

-Тамара знае како! Со музика се обединува и помага! На хуманитарниот концерт во МКЦ, Тамара Тодевска и нејзината публика собраа над 10.000 евра за настраданите од трагедијата во Кочани кои ќе бидат донирани, соопштија од иницијативата „SupportKocani“.

Концерт исполнет со емоции, солзи, љубов и моќна порака: дека музиката обединува таму каде што тишината боли.

-И дечките од „SupportKocani“ беа таму за да го почувствуваат тој момент на сплотеност и поддршка. Од име на цело Кочани благодариме. Ова нема да го заборавиме!, велат оттаму.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Утре авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Следниот Пост
Уапсен 46-годишен скопјанец, прегазил и повредил жена па побегнал

Лишен од слобода возачот кој удри мотоцикл на „Џон Кенеди“ во Скопје