Темно Режим Светло Режим

Собранието го констатира престанокот на функцијата Народен правобранител на Насер Зибери

Народниот правобранител Насер Зибери на 12 јули 2025 година ги исполни условите за старосна пензија, со што му престанува функцијата, согласно законските одредби.

Информацијата ја соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши, на почетокот на денешната седница.

„Констатирам дека, врз основа на член 9 став 1 точка 3 од Законот за Народниот правобранител, на Насер Зибери му престанува функцијата поради исполнување на условите за старосна пензија“, изјави Гаши.

Зибери ја извршуваше должноста од 2021 година. Мандатот за оваа функција трае осум години.

Претходниот Пост

Претрес во Струга, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Следниот Пост

Коњановски: Историски инвестиции за Битола – 707 милиони денари за 65 проекти