Собраниски паузи за да земат здив: кој бил терорист, а сега лапал тендери, која партија е заложник…

Во знакот на полемики меѓу пратениците кои го напуштија ВМРО-ДПМНЕ и оние кои останаа во партијата почна собраниската седница посветена на усвојувањето на законот за Јавно обвинителство. За да се намалат кавгите пратениците веќе имаа две паузи. За дискусија се пријавени 38 мародни избраници така што е неизвесно кога би можело да се гласа за законот за чие усвојување се потребни гласови на 80 пратеници.

Како што беше соопштено министерката Рената Дескоска се откажала од образложението на законот со цел да не се губи времето на дискусии. За опозицијата пак е јасно зошто министерката за правда не сака да го образложи законот и зошто се брзаат да го донесат – затоа што сакаат да се заштитат себе си и пред се нивниот партиски лидер.

Инаку, седницата започна со обидот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски да пушти нови аудио-снимки за аферата „Рекет“, но тоа не беше дозволено од собранискиот спикер Талат Џафери. Потоа, Милошоски ги обвини поранешните сопартијци дека ја даваат поддршката за законот бидејќи се купени од страна на владејачката СДСМ. Тој обвини дека пратеникот Крсто Мукоски добил 4 милиони евра тешки тендери за поддршката на законот.

ние кои го нарекуваа терорист сега му се пријатели. Мукоски со Груевски на митинзи викал дека нема да го смени името, а сега се фалел дека се ќе продава и ќе се сели во Белград. Тој ги изневери гласачите и за да се спаси од прогон го продава името и е заедно со актуелната власт, потенцира Милошоски.

На ова му реплицира Мукоски кој обвини дека ВМРО -ДПМНЕ е заложник на два-три криминалци.

-Што се однесува на 27-ми април, Крсто Муковски за таа несвесна грешка си го одлежа своето. Жалам што такви како тебе, што ги упатуваа горе луѓето, да го направат тоа што го направија, не одговарааат, рече Мукоски.

На Милошоски му реплицираа и независните пратенички Нола Исмајлоска-Старова и Емилија Александрова, кои се дел од „осумката“ исклучени од ВМРО-ДПМНЕ заради подршка на менувањето на името на државата. Тие побараа од него да води дебата на ниво и да не мавта со материјали.

Инаку, на оваа собраниска седница треба да се разгледува и предлогот на техничкиот премиер Оливер Спасовски за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.