Сојуз на средношколци: Да се спроведе новиот модел на работа на училишните психолози – тет-а-тет средби со учениците

Наши четири предлог-мерки за подобрување на состојбата со менталното здравје на средношколците се прифатени од страна на Министерството за образование и наука и тие се преточени во деветтата и десеттата препорака на Владата, соопшти денеска Сојузот на средношколци. Ова асоцијација на средношколците ги поздравува десетте препораки на Владата околу менталното здравје на учениците и меѓуврсничкото насилство во училиштата.

-Се укажува на секое училиште да обезбеди просторни услови за стручните соработници со цел да бидат отворени за ученици и доколку имаат потреба учениците да можат да закажат и тет-а-тет средба со својот училиштен психолог. Ние ќе продолжиме активно да се вклучуваме во овие процеси сè додека сите заедно како чинители во образовниот процес не го спроведеме новиот модел на работа на училишните психолози – тет-а-тет средби со учениците, потенцираат од Сојузот.

Исто така, МОН заедно со стручните соработници од основните и средните училишта, претставници на Сојузот на средношколци, универзитетски професори, Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат ќе формира работна група која ќе креира протоколи за соодветна работа при обезбедување на поддршка за психосоцијално и ментално здравје на учениците. Создавањето на протокол за дефинирање на новиот модел на работа на училишните психолози, односно истите да остваруваат тет-а-тет средби со учениците наместо да вршат административна работа е заложба на Сојузот на средношколци уште од мај 2021 година. Оттука, Сојузот позитивно реагира на одлуката за отпочнување на процес оваа наша визија да стане реалност.

Претходна вестКазнети 197 возачи, секој четврт возел пребрзо
Следна вестСДСМ: ВМРО-ДПМНЕ Скопје го направи нефункционален град пред банкрот