Солистички концерт вечерва на Антонио Илиоски

Вечерва во Музејот на современата борба солистички концерт на виолончело ќе одржи Антонио Илиоски, ученик во Средно музичко училиште „Илија Николовски Луј”.

На репертоарот се дела за виолончело од Saint Saens, Max Bruch, Daallo` Abaco и Ристо Аврамовски.

Илоски е роден во 2003 година, а музичката кариера на виолончело ја почнува на осум годишна возраст. Учествувал како соло изведувач и во камерен состав на 33 натпревари, од кои повеќето се со меѓународен карактер.