Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Дневните температури ќе се движат од 14 до 41 степени Целзиусови.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец и максимална дневна температура од 41 степен Целзиусов.
Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе се движи од 31 до 39 Целзиусови степени.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





