Сончево и многу топло, УВ индекс 10

32

Времето во Македонија и денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 10.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и дневни температури до 43 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 10.

Како што најавува УХМР, во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени, поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Промена на временската состојба се очекува од петок.

Претходна вестЃорческа не го освои трофејот во Рим, загуби во финалето
Следна вестЛокализиран пожарот зад Клиника Козле