Сончево и потопло, температура до 8 степени

На скопското подрачје денеска ќе биде претпладне со слаба магла и ниска облачност, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до -6, а дневната ќе достигне до 8 степени.

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен, а во југоисточните делови на Македонија умерен ветер од југоисточен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од -10 до -2, а дневната од 4 до 14 степени.

Следува период на стабилно, сончево време со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. Во текот на ноќта кон недела во источниот дел од земјата ќе има зголемена облачност со услови за слаби врнежи од дожд, на планините од снег.

Претходна вестЕден месец изложба „Остен Биенале на цртеж – Скопје 2020 – наградени уметници и финалисти“.
Следна вестПоради протест на угостителите посебен режим на три сообраќајници