Сончево и релативно топло време, со температури до 19 степени

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло. Утрото постудено, преку денот сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 18 степени.

Утре ќе се задржи стабилно време со понатамошен пораст на дневната температура. Зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд ќе има во вторник попладне и во текот на ноќта кон среда.

Претходна вестСтруга се врати на плус четири пред Шкупи – А. Пандев пак ги сопна чаирчани
Следна вест334 санкционирани возачи во Скопје: 200 за брзо возење