Сончево и топло до 30 степени

Сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец се очекува денеска на скопското подрачје. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

На подрачјето на земјава се очекува слично време, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени. Во попладневните часови, и тоа особено на средината од неделава ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. 

Претходна вестПрво издание на „Flipbook Film Festival“ во МКЦ, од денеска до 13 август
Следна вестШилегов ги слушна ли идеите за поевтина санација на Универзална сала?