Сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. УВ=8

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните ќе има развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Претходна вестНовиот директор на ЗОО Скопје Илевски: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа
Следна вестНикола Пановски: Не фрлајете пари за тестирање од Ковид – 19