Сончево и топло, попладне локален пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Следната недела, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер од над 70километри на час и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање.

Претходна вестМалолетник прегази и усмрти жена на „Пластичарска“
Следна вестБајрам Бегај нов претседател на Албанија