Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во деновите од викендот во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер и ќе има мало опаѓање на температурата.