Сончево и топло со температури до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени, а УВ 8.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во петок попладне и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места и во форма на невреме со појава на град. Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.

Претходна вестНовата конференциска опрема во парламентот чини 520.000 евра, ќе штедела хартија
Следна вестПешаците во Скопје стасаа до 30 прекршоци