Сончево и топло, температура до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе се движи во интервал од 23 до 30 степени.

Во Скопје, слично време со минимална температура до 10 и максимална до 27 степени.

За време на викендот се најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои во сабота наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Од недела ќе дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.

Претходна вестМакедонија во ноември домаќин на Европското првенство во ракомет за жени
Следна вестСе чествуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија, празникот на мајките и ќерките