Сончево и топло

Сончево и топло време во текот на целиот ден е денешна метео-прогнозата за скопското подрачје. Максималната дневна температура ќе достигне 29 степени.

По подолг период на нестабилното време и врнежи во попледневните часови, во наредниве денови се очекува стабилно време. Сончево време со мала до умерена локална облачност, со умерен до засилен ветер, се очекува на подрачјето на целата земја. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 24 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во наредниве денови се очекуба сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра. За време на викендот локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд.