Сончево мала облачност, температура до 14 степени

Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во останати подрачја од Maкедонија претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а кон југот со зголемена облачност и со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер југоисточен ветер кој во долниот тек на Повардарието краткотрајно ќе засилува. Од вечерните часови од југозапад ќе почне нов бран од врнежи. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Нов бран од врнежи од дожд ќе започне од вечер од северозапад и ќе трае и во среда преку денот. На планините овие врнежи ќе бидат од снег, а понекаде на северозападот повремен снег ќе има и на повисоките места. Во среда и во четврток ќе дува засилен северозападен ветер. Од четврток ќе биде стабилно со утрински температури кои на повеќето места ќе бидат негативни. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Претходна вестИзложба на Исмане Мехди од денеска во КИЦ
Следна вестОд вечерва подолг полициски час, од утре се затвораат угостителските објекти