Сончево со мала до умерена облачност и северозападен ветер

Времето денеска во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максимнална температура ќе достигне до 26 степени.
И во останатите делови од Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималните температури ќе бидат во интервал од 21 до 30 степени.
Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе бидат нешто пониски во споредба со претходните денови. Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи.
Претходна вестМакедонија со победа над Швајцарија ги заврши квалификациите за ЕП 2022
Следна вестЗошто за време на празникот, во среде пандемија, не се вакцинираше?