Сончево со мала облачност

Времето денеска во утринските часови ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.
Локални врнежи од дожд ќе има утре, а потоа следува период на стабилно време со умерен, повремено засилен ветер од северен и северозападен правец, информираат од УХМР.

Претходна вестИма па нема струја во Клинички центар
Следна вестПосебен режим на сообраќајот во Скопје поради „Скопскиот маратон“