На скопското подрачје времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.
На подрачјето на земјава ќе биде сончево и топло до 37 степени и со мала до умерена локална облачност. Ветрот ќе биде слаб до умерен и ќе дува од север. Минималната температура ќе се движи од 10 до 20 степени, а максималната меѓу 29 и 37 степени.
Температурите ќе растат сѐ до среда кога не чекаат локални поројни дождови со грмежи и засилен ветер, а во четврток врнежите ќе бидат краткотрајни и претежно во планините.