Сончево со мала облачност и ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, а ќе дува и умерен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Долж Повардарието се очекува да дува повремено силен ветер до 60 км/час од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степен.

Во наредниот период следува стабилно време. До вторник ќе дува умерен до силен северен ветер (до 60 км/час) кој ќе биде најизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Дневните температури од утре ќе бидат во постепен пораст.

Претходна вестКосово ја одложи одлуката за регистарските таблички до 1 септември, ќе се смират ли тензиите?
Следна вестПендаровски: Не се потресувам од писанијата на Коцарев, за втор мандат воопшто не размислувам