Сончево со мала облачност, попладне дожд, грмежи и ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во западните и јужните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен, додека УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 30 степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура до ќе биде во опаѓање.

 

Претходна вестССМ достави амандман за измени на ребалансот со кој бара зголемување на платите за 2.806 денари
Следна вест164 санкционирани возачи во Скопје, 16 зборувале по мобилен телефон