Темен режим Режим на светлина

Сончево со малку облаци и локален дожд на планините

На подрачјето на Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови претежно во планинските региони ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и со услови за ретки грмежи понекаде особено на југот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде од 1 до 8 степени, а максималната ќе се движи од 11 па до 22 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе изнесува 8 а дневната 20 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Насилник во Кисела Вода, пукал со пиштол во домот и ги малтретирал сопругата и трите ќерки

Притвор за серискиот разбојник од Битола

Следна објава

Ќе има ли нова реконструкција на улицата „Димо Хаџи Димов“?