На подрачјето на Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има појава на краткотраен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот, понекаде и во форма на локално невреме со силен ветер и појава на ситен град.
Минималната температура ќе се движи од 3 до 9 а дневната максимална од 14 до 22 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Од пладневните часови ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот со услови за појава на краткотрајно невреме.
Утринската температура ќе изнесува 7 а дневната ќе достигне 21 степен.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



