Сончево со малку облаци на првиот новогодишен ден

Во најголем дел од земјава денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои преку денот ќе се намалат. Минималната температура ќе се движи од -3 до 3 степени, а максималната од 9 до 16 степени.

Во Скопје претпладне времето ќе биде со магла и ниска облачност, кои преку денот ќе се намалат. Утринската температура ќе се движи до 0 степени, а дневната до 9 степени.

Во наредните три дена претпладне по одделни котлини и долж Повардарието ќе преовладува магла или ниска облачност, а преку денот времето се очекува да биде сончево со мала облачност.

Минимална температура ќе се движи во интервал од -4°Ц до 3°Ц, а максимална температура од 10°Ц до 17°Ц.

Претходна вестПрвото бебе во 2023 година во Македонија се роди минута по полноќ
Следна вестСкопје синоќа беше меѓу десет најзагадени градови во светот, утрово на 29-то место