Сончево со температура до 37 степени

Претежно сончево и многу топло време со слаб ветер од променлив правец ќе преовладува денеска на скопското подрачје. Метеоролозите најавуваат дека дневната температура ќе се искачи до 37 степени.

Слично време се очекува и на подрачјето на целата земја.

Од утре синоптичарите најавуваат постепен пад на температурите. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но и со локална нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Претходна вестОд утре се отвораат вратите на читалните во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“
Следна вестШилегов не им дава на комарците да дишат, пак ќе се прска