Сончево со умерена облачност, слаб ветер и температури до 24 степени

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, во западните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со умерена облачност која во текот на денот ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во недела во западните делови ќе има краткотраен локален дожд. Потоа следува период на стабилно време, ноќите ќе бидат студени, дневната температура до понеделник ќе биде во опаѓање, а потоа во благ пораст, информираат од УХМР.

Претходна вестПромоција на збирката поезија „Аптека“ на Харакли вечерва во МКЦ
Следна вестПронајдени две стари минофрлачки гранати од Првата светска војна калибар 75 мм