Сончево со умерена облачност, температура до 14 степени

Времето на скопското подрачје денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во останати делови од Maкедонија времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда, кога ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините, особено во северните делови – со врнежи од снег.

Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, а од четврток и во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето со утрински температури кои на повеќе места ќе бидат негативни. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Претходна вестМакедонскиот поет Митко Гогов на еден од најголемите фестивали на поезија во Колумбија
Следна вестСтартува вакцинацијата во „СЦ Борис Трајковски“, сега уште да дојдат нови вакцини